Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед е во потрага по нов тренер откако Оле Гунар Солскјер доби отказ. Клубот во претходните недели игра ужасно и има само една победа на последните четири меча, па раководството на тимот реши да се збогува со него.
Англиските медиуми шпекулираат дека Маурицио Покетино ќе го напушти ПСЖ и ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед, зашто не сака повеќе да го води ѕвездениот тим на парижаните.
Покетино, наводно, е подготвен веднаш да замине од ПСЖ и да ги преземе „црвените ѓаволи“, иако сезоната е речиси на половина.
Меѓутоа, француските медиуми утрово објавија дека во ПСЖ немаат ништо против идејата на Покетино да замине во Јунајтед, зашто веднаш имаат подготвено замена, а тоа е поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој во моментов е слободен.