ПСЖ нема трпение: Барселона доби ултиматум за Нејмар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сапуницата за иднината на Нејмар трае веќе долго време, а Бразилецот се поврзува со Јувентус, Барселона и Реал Мадрид. Сепак, се очекува епилог на трансфер-драмата до крајот на летниот преоден рок.

Шпанските медиуми пишуваат дека ПСЖ не сака да преговара со Барселона уште долго, па испратил ултиматум до Каталонците.

Парижаните сакаат да го продадат Нејмар, но за сума од 222 милиони евра, па доколку Барселона не испрати примамлива понуда денеска за неговите услуги, тогаш може да ја заборават идејата да го ангажираат Бразилецот.

Да потсетиме, ПСЖ вчера одби понуда од 100 милиони евра плус три ѕвезди на Реал Мадрид, па останува да видиме што ќе се случи до крајот на летниот преоден рок.