Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се чинеше дека враќањето на Нејмар во Барселона од ПСЖ ќе се случи релативно лесно, се чини дека ПСЖ прави се за да го расипе тој план.
Имено, ПСЖ одлучи да ја прифати понудата само доколку се вклучени двајца играчи кои тие ги сакаат, а тоа не се Кутињо и Ракитиќ кои ги понуди Барса.
Барселона на почетокот од неделата понуди 70 милиони евра, Кутињо и Ракитиќ, што би значело дека Нејмар би чинел околу 200 милиони евра.
Сепак, ПСЖ не сака да ја прифати оваа понуда.
ПСЖ би сакале да го добијат Дембеле и играчот кој сега треба да стане член на Барселона, Гризман како и 100 милиони евра парична надокнада.
Барселона оваа понуда ја доживеа како навреда и одлучија да ги стопираат понатамошните преговори, бидејќи сметаат дека Нејмар треба да најде решение како да си оди од ПСЖ.
Проблем е што и самиот Бразилец не смее да ризикува да навлегува во кавги со клубот, бидејќи поради спонзорите и тоа како му се потребни минути на теренот.