ПСЖ постави ултиматум на Барселона околу купувањето на Нејмар!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Баш како што беше најавено, Леонардо имал разговор со Нејмар и го информирал околу работите за негово заминување.

Наводно постојат пет опции за Нејмар да си замине од ПСЖ, но само една е реална и сериозна.

Првава опција е токму и таа. ПСЖ и дал ултиматум на Барса до 10. август да уплати 180 милиони евра и дека после овој датум повеќе нема да преговара.

Втората понуда опција е Нејмар да остане во ПСЖ до наредната сезона и потоа да си оди за многу пониска цена, но тој тоа го одбил бидејќи сака веднаш да замине.

Трета опција е таа која ја понуди Барселона, а тоа е Нејмар до крајот на сезоната да оди на позајмица и потоа да го платат, но ПСЖ ги сака парите веднаш.

Четврда е моменталната понуда на Барса од 40 милиони плус Ракитиќ и Кутињо, но ПСЖ не сака ни да чуе за тоа, бидејќи сакаат само пари.

Петта опција е трката со времето. Барса го продаде Малком, па во наредните седум дена мораат да го продадат Ракитиќ и Умтити за да имаат пари за доведување на Нејмар.

Покрај сево ова се чини тешко Нејмар да замине од ПСЖ, бидејќи ниту една од овие опции не се чини изводлива за толку кратко временски период.