ПСЖ претера со барањата: Барселона ќе треба „дебело“ да го плати Нејмар


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Нејмар и понатаму е главна тема, односно неговото враќање во Барселона, но тоа нема да биде лесно поради барањата на ПСЖ.

Според некои информации, ПСЖ не сака да се откаже лесно за Нејмар, па нивните барања овојпат биле претерани.

ПСЖ за услугите на Бразилецот бара 100 милиони евра плус Осман Дембеле и Антоан Гризман, кој следната недела ќе стане член на Барселона.

Тоа значи дека парижаните бараат 320 милиони евра за Нејмар, зашто Дембеле вреди околу 100 милиони евра и 120 милиони евра вреди Гризман.

Барселона се чувствува навредена поради ваквите барања, па размислуваат да се повлечат од преговорите со францускиот шампион за услугите на Нејмар.