ПСЖ се засили со Кин од Евертон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Мојзе Кин е нов фудбалер на ПСЖ. Младиот 20-годишен играч стигна во Париз од Евертон на едногодишна позајмица и ќе го засили нападот на францускиот шампион.

Кин не доби премногу шанса во Евертон, па најчесто беше резерва и добиваше само по неколку минути на теренот.

Во Париз ќе има улога да го замени Мауро Икарди и тешко може да се очекува дека ќе има преголема минутажа.

Кин во овој преоден рок беше блиску и до преселба во Јувентус, но тоа не се случи, зашто Алваро Мората пристигна во италијанскиот шампион.