„ПСЖ со Меси изгледа многу послабо од претходно“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ направи кикс во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и ремизираше против Клуб Бриж со 1-1.

По натпреварот свој коментар за резултатот даде Мајкл Овен, кој смета дека ПСЖ игра многу слабо со Лионел Меси во екипата.

„Колку и да сме фасцинирани со тие тројца феноменални напаѓачи, кои се врвни индивидуалци, мене ми делува дека тој напад е послаб кога играат Меси, Нејмар и Мбапе. Не разбирам зошто тие се меѓу фаворитите во Лига на шампиони. Мислам дека сите англиски тимови се подобри од нив“, вели Овен.

Изјавата на Овен без сомнеж ќе предизвика многу реакции, а ќе видиме дали во продолжение од сезоната Меси ќе ги оправда очекувањата.