ПУКНА МИЛИЈАРДАТА! Мустафи е конечно на Венгер! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со доаѓањето на германскиот репрезентативец во редовите на Топџиите англиските клубови дојдоа до сума од 1.021 430 000 фунти, вложени во доаѓање на играчи.

Англичаните и во тоа успееја – прв пат во текот на еден преоден рок од англиската Премиер лига успееја да потрошат повеќе од милијарда фунти. Магичната сума во оваа вечер ја надмина толку оспоруваниот Арсен Венгер, кој успеа да го официјализира доаѓањето на Шкодран Мустафи на Емирати.

Премиерлигашите официјално потрошија 1.021.430 000 фунти, но таа сума ќе биде зголемата во текот на последниот дел од летниот преоден рок.

Германскиот репрезентативец стигна од Валенсија за 41 000 000 евра е и трето најскапо засилување во историјата на Топџиите, позади Месут Озил и Гранит Џака.

Покрај него, во Лондон денеска е претставен и поранешниот напаѓач на Депортиво од Ла Коруња, Лукас Перез, кој управатаљ на Арсенал го плати 20 милиони евра.

Мустафи беше голема желба на Арсен Венгер, кој се најде во огромни проблеми после повредата ан Пер Мертезакер.

Французинот во овој момент повеќе никој во Англија не го нарекува „скржавец“ со оглед дека во ова лето веќе потроши сума од 113 000 000 евра, а останува да се види дали ќе биде таков и во последниот ден од преодниот рок.