Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома вчера славеше против Салернитана со 2-1 и во тежок дуел на кој беа покажани дури 13 жолти картони, но и вербални пресметки покрај теренот.
Од Салернитана тврдат дека се ограбени во мечот и Рома со помош на судиите освоила бодови, а најгласен беше поранешниот спортски директор на тимот од Рим, Валтер Сабатини.
Сабатини ги нападна судиите, но и тренерот на Рома, Жозе Мурињо.
„Со голема почит кон Рома, но беа забележани некои многу чудни работи на теренот. Жал ми е што морам Мурињо да го учам како да се однесува. Тој е полу-Бог, а јас знам што сум. Јас сум многу, но никогаш нема да стигнам до неговото ниво. Знам дека никогаш не освоив ништо, но барем сум сериозна личност“, вели Сабатини.