Пулев вети: Брутално ќе го нокаутирам Џошуа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кубрат Пулев нема намера да се тргне од патот на Ентони Џошуа во борбата за апсолутен светски шампион против Тајсон Фјури.

Бугарскиот боксер требаше да ги нападне појасите што ги имаше Џошуа на 20. јуни, но овој натпревар беше одложен поради пандемијата на коронавирус. Пулев не се откажува од борбата, тој нема да се откаже поради Фјури и сериозно му се закани на Џошуа.

„Тој е исплашен и затоа сакаше борба во Лондон. Не гледам друга причина за избор на локација. Зошто таа мораше да биде во Лондон, а не на друго место“, се прашува Пулев продолжувајќи:

“Му понудивме многу дестинации од Истанбул до Лас Вегас, Њујорк, Саудиска Арабија, но добив одговор дека само Лондон влегува во игра. Никогаш не барав борба во Софија. Изборот на одредена локација е кукавички”, рече бугарскиот боксер.

Бугаринот вети дека брутално ќе го нокаутира Џошуа.

„Јас сум попаметен, попрецизен од него и ќе го нокаутирам. Брутално“, рече Пулев во интервју за Скај Спортс.

Пулев има боксувано 29 борби во својата кариера и има победено на 28 од нив. Единствениот пораз што го претрпе беше од Владимир Кличко во 2014. година, кога за прв пат ги нападна појасите на најдобриот во светот.