Рабио незадоволен во Јувентус, еден Премиерлигаш сака да го донесе во своите редови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „Калчомеркато“ од редовите на Тотенхем се заинтересирани за Адриен Рабио од Јувентус.

Англискиот клуб сака да го искористи незадоволството на фудбалерот кој не добива голема минутажа во Торино за да го убеди да ја промени средината.

Рабио ова лето се пресели во Јувентус како слободен агент откако неговиот договор со ПСЖ дојде до крај, но барем засега тешко се снаоѓа во Италија и не добива голема доверба од Маурисио Сари.

Тотенхем беше заинтересиран за него и пред тој оди во Јувентус, па сега ќе го обнови интересот и ќе се обиде да го донесе во своите редови.