Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Францускиот фудбалер Адриен Рабиот денес официјално беше претставен како нов играч на Јувентус.
Рабиот потпиша договор со Јувентус на четири години во вредност од седум милиони евра за сезона, а во новиот клуб ќе го носи бројот 25.
Францускиот репрезентативец на денешната прес-конференција изјави дека Џанлуиџи Буфон е најзаслужен за изборот на Старата дама, бидејќи италијанскиот голман го убедил дека тоа е најдобриот избор за него.
„Имав контакти со Јувентус порано, но тоа беше поинакво време во мојата кариера, сега е вистинското време да дојдам тука и затоа сум тука. Многу зборував со Буфон и тој практично ме поттикна да дојдам“, вели Рабиот и додаде.
„Тој е најдобра личност за таков разговор и неговото мислење многу ми значи. Зборувавме за се и едноставно ме увери дека Јуве е идеален клуб еден фудбалер да напредува. Ми кажа навистина занимливи работи и немав многу дилеми околу тоа“.