Работнички ќе добие 1,4 милиони евра за четири години од „Мтел“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски тим во кошарка, Работнички доби нов спонзор, а тоа е српската компанија „Мтел“.

На промоцијата на спонзорот на Работнички се појавија и градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, како и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

„Станува збор за ново поглавје, ново партнерство на нашиот најтрофеен клуб, најголемиот бренд на Центар и еден од најпрепознатливите спортски колективи во нашата држава. Заложбата ќе биде повторно да го вратиме Работнички на старите победнички патеки. Со спонзорството од ‘Мтел’ обезбедуваме сигурна иднина за најтрофејниот кошаркарски колектив“, кажа Герасимовски.