Раиола почна со состаноците во Мадрид: По информациите за потенцијалниот трансфер, се огласи и Зидан…!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По враќањето на Зизу на кормилото на тимот од „Сантијаго Бернабеу“, интересот на играчите од светската фела само порасна.

Еден од таквите е и играчот за врска Пол Погба, кој е еден од симболите на Манчестер Јунајтед по враќањето во вториот дел од сезоната под водство на Солскјер, Французинот во последните 13 натпревари во Премиер лигата даде огромен допринос за осум погодоци и шест асистенции.

Меѓутоа, шпанска Марка пренесува дека агентот на играчот, контроверзниот Мино Раиола веќе оддржал два состаноци со луѓето од Реал за да поразговараат за потенцијалниот трансфер на лето.

Зидан на овие тврдења, џентлменски одговори дека Погба и натаму е играч на Јунајтед и дека поради почит кон „Ѓаволите“ не сака да зборува за играч кој не е негов, но ако одлучи да ја промени средината не гледа причина зошто не би пристигнал во Реал Мадрид.

Остану да се види како понатаму ќе се развива ситуацијата, а секако Англичаните имаат причина за грижа.