Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контроверзниот агент на Пол Погба, Мино Раиола истакна дека Манчестер Јунајтед не ги исполнил очекувањата на францускиот фудбалер.
26 годишниот Погба ова лето побара да си замине од клубот, меѓутоа Манчестер Јунајтед не му дозволи, а оваа сезона Погба почесто е на трибините отколку на теренот.
Французинот се мачи со незгодна повреда, а се поизвесно е дека ја игра последната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед.
„Не велам ништо со сигурност. Денес Погба не е среќен затоа што не игра, тој заздравува од повредата. Сите знаат дека амбицијата и на Погба, но и на Манчестер Јунајтед не е исполнета. Да бидеме искрени, треба да видиме дали Пол на лето ќе остане во плановите на Манчестер Јунајтед и дали Манчестер Јунајтед се уште е во плановите на Пол“ –изјави Мино Раиола.