Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид не сака да запре со засилувања, иако во досегашнот преоден рок ангажираа пет нови фудбалери.
Секако, најзвучно засилување беше Еден Азар, кој стигна од Челси, но во „кралскиот клуб“ имаат уште неколку желби.
Главна желба на „кралевите“ е Пол Погба од Манчестер јунајтед, за кого подготвиле неверојатна понуда.
Јунајтед не сака само пари и подготвени се во спротивен правец да испратат една од две големи ѕвезди, а според „Марка“ тоа се Иско и Герет Бејл.
Јунајтед може да бира меѓу тие двајца, а покрај тоа „кралевите“ ќе им платат дури 75 милиони евра. Погба сака да замине од „Олд Трафрод“, а тоа го потврди и агентот Мино Рајола, кој призна дека преговара со „кралевите“.