Ракитиќ беше јасен: Ова е мојата конечна одлука…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа официјално ја прослави новата титула во домашниот шампионат. Каталонците повторно блеснаа и заслужено го подигнаа новиот трофеј.

Барселона 26. трофеј го осигура со победата над Леванте, а ова е четверта титула и за хрватскиот играч за врска, Иван Ракитиќ.

Ракитиќ оваа сезона е фантастичен, а оддамна веќе траат шпекулациите дека ќе ја напушти Барселона на лето. Сепак, тоа нема да се случи. Го потврди тоа синоќа.

„Сакам да останам овде и се надевам дека клубот, претседателот и навивачите мислат како мене. Се надевам дека ќе ја добијам довербата на уште три години“, истакна Хрватот за Марка.

Барселона на неговата позиција договори пристигнување на Френки Де Јонг, па Ракитиќ ќе се најде во проблеми. Важечки договор има до 2021. година.

Неодамна призна дека му се доапаѓа животот во Шпанија.

„Сакам да живеам во Шпанија. За жал,не можам да барам уште ееен пасош бидејќи веќе имам два. Во спротивно сигурно би барал шпански, бидејќи овде ми е добро и среќен сум“, изјави 30-годишниот хрватски играч за врска во интервју за ДАЗН.