Ракитиќ и Модриќ во тандем летово ќе го заложат дресот на италијанскиот великан…?!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лука Модриќ медиумите во Италија изминатото лето го преселуваа од Реал Мадрид во Интер.

Сепак, се чини нема да остане на тоа, туку Интер на лето освен Модриќ сака да го донесе и неговиот репрезентативен колега, Иван Ракитиќ.

Иако тој истакна дека нема ништо против останување во Барселона, се чини дека неговото место во првите единаесетмина е под знак прашалник по пристигнувањето на младиот Де Јонг од Ајакс.

Кога е во прашање Модриќ, преговорите со него се замрзнати, но не се затворени. Се уште постои надеж, но и шанса тој до лето да биде играч на Интер.

Интер така сите свои сили ќе ги насочи кон Шпанија, за следната сезона да ги имаат овие двајца Хрвати во својот ред за врска.