Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иван Ракитиќ повторно во дресот на Хрватска? Не е невозможно бидејќи се чини дека Ракитиќ не се прости целосно од репрезентацијата. „Ја оставам вратата отворена, Хрватска може да смета на мене“, рече тој.
“Најтешкиот ден, најлошиот ден. Ниту еден пораз во кариерата не ме остави со такво чувство во градите. Кога го зедов мобилниот телефон за да го побарам селекторот, зборовите не излегуваа. Јас секогаш сакам да ја оставам вратата отворена, Хрватска секогаш може да смета на мене. Една минута, пенали и сè што треба за мојата Хрватска “, рече Иван Ракитиќ за ХРТ.
По 106 настапи, 15 гола и освоено светско сребро, Ракитиќ (32) минатиот понеделник потврди дека се збогува. Веста дојде малку неочекувано затоа што Ракитиќ пред неколку месеци рече дека скоро сигурно ќе игра за Хрватска на Европското првенство, но очигледно во меѓувреме се предомисли откако се врати во Севилја.
“Да се збогувам со репрезентацијата на Хрватска е најтешката одлука во мојата кариера, но чувствував дека ова е моментот кога требаше да се одлучам и да ја донесам таа одлука. Уживав на секој натпревар што го играв за својата татковина, а незаборавните моменти од Светското првенство ќе останат меѓу моите омилени. “Убеден сум дека сè уште имаме одличен тим со светла иднина. Им посакувам на моите пријатели и соиграчи цела спортска среќа во светот во претстојните предизвици, и тие ќе го имаат најголемиот фан во мене”, изјави Иван Ракитиќ за ХНС.