Ракитиќ откри премногу: Сонувам да го облечам тој дрес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа сезона Ракитиќ не е прв избор во тимот на Ернесто Валверде и веќе со месеци траат нагодувањата околу тоа дали ќе го напуши Камп Ноу и каде ќе заврши.

Јувентус, Интер, Манчестер Јунајтед, Атлетико…, се само некои од клубовите со кои Ракитиќ се поврзува, а не е исклучено ниту можно враќање во Севиља доколку би морал да ја напушти Барса.

Во разговор за шпанското радио Кадена СЕР, искрено изјави дека токму Севиља има најголеми шанси.

„Периодот кој го поминав во Севиља за мене е преубав, ќе видиме дали ќе се вратам. Ако дојде време за тоа, сите знаат дека ќе бидам воодушевен. Во минатото веќе реков дека навистина сакам да го облечам уште еднаш дресот на Севиља и сонувам за тоа“, искрен беше Ракитиќ, кој во Андалузија ја запозна и својата сопруга Ракел.

Ракитиќ не ја затвори вратата за можно враќање во Севиља, но не сокри дека најскреќен би бил доколку остане таму каде што е.

„Иднината не можете да ја предвидите. Јас да се прашувам, би останал во Барселона, бидејќи мислам дека можам уште многу да покажам. А од Барселона не постои подобро место за тоа“, порача Ракитиќ на крајот од разговорот.