Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иван Ракитиќ се најде во голем проблем после враќањето во Барселона после репрезентативните обврски.
Ракитиќ по натпреварот на Велс и Хрватска одлучи веднаш да се врати во Барселона каде што се наоѓа и неговото семејство. Меѓутоа, хрватскиот репрезентативец се најде во голем проблем бидејќи од аеродромот мораше да пешачи.
Имено, сообраќајот во Барселона вчера беше во потполност блокиран поради пресудата за каталонските лидери. Демонстрантите го блокираа и аеродромот поради што везниот на Барселона мораше да пешачи.
Еден од поминувачите го фотографирал Ракитиќ како си оди пеш со куферот накај својот дом, а наскоро фотографијата стана хит на социјалните медиуми. Сепак, после се Ракитиќ се јави на својот инстаграм и информираше дека безбедно пристигнал во својот дом.
„Добро сум и стигнав дома кај моите принцези. Ви благодарам на сите на вашите пораки“, препорача Ракитиќ.