Ракитиќ во последна секунда избегна удар со шише во глава 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Севиља синоќа во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ) одигра 1-1 против Волфсбург на гостувањето во Германија.

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ беше херој на екипата од Андалузија која во завршницата од натпреварот стигна до израмнување.

Јунакот на Севиља по натпреварот за време на интервју доживеа мала непријатност. Додека даваше изјава кон него беше фрлено едно шише, кое за среќа не го погоди во глава.

Доколку не го избегнеше, последиците сигурно ќе беа поголеми затоа што станува збор за стаклено шише.

Шишето кон него го фрлил еден соиграч, а тој потег Ракитиќ го дочека со насмевка, иако можеше да се повреди.