Ракометарот на Бутел бил тепан со тврди предмети, а сега е во кома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Денис Тот заврши во скопска болница, откако беше претепан во еден ноќен клуб, како што објави „Вечерњи новости“.

Информациите на хрватските медиуми се дека тепачката се случила во ноќен клуб, а снимките биле избришани, па сега се очекува реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот го потврди и неговиот брат Борис, кој кажа дека нивните родители веќе тргнале од Хрватска за Македонија, каде што се наоѓа во болница ракометарот.

МВР нема повеќе информации за случајот, а Бутел потврди дека ракометарот е во тешка здравствена состојба и има голем број скршеници затоа што бил тепан со тврди предмети, а во моментов се наоѓа во кома.