Рамадани: Максимално сме мотивирани пред мечот со Данска, ќе го дадеме најдоброто за Македонија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија денеска ќе ги заврши подготовките во Скопје по што ќе патува за Копенхаген каде што ќе го игра полуфиналниот бараж за Мундијалот против Данска.

Решат Рамадани кажа дека неговите колеги од репрезентацијата се подготвени за новиот предизвик кој стои на патот на Македонија.

„Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени да го дадеме максимумот. Каков и да биде исходот, тоа е составен дел од спортот, а конечниот резултат ќе биде вистински одраз на прикажаното. Мотивацијата кај фудбалерите е на максимум. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе во секоја минута, со висока тактичка дисциплина, а резултатот ќе биде показател за нашиот труд и залагање“, кажа Рамадани.