Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот стопер Адил Рами во ова лето ќе ја напушти екипата на Севиља.
За неговите услуги се интересира екипата на Лестер Сити која го гледа за идеално решение во одбраната. Имено, Лисиците наводно веќе почнале преговори со овој фудбалер и сметаат дека постојат реални шанси за тој кариерата да ја продолжи на Островот.
Рами пред Севиља играше за Милан, Валенсија и Лил, а се смета дека Лестер ќе плати на Севиља околу седум милиони евра.