Рамос: Да имав намера да освојувам такви трофеи, тогаш ќе си играв тенис!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите дефанзивци во светот, Серхио Рамос, кој ги освои сите трофеи во кариерата никогаш не беше во центар кога станува збор за индивидуалните награди.

За капитенот на Реал Мадрид таквите награди не претставуваат ништо посебно, а тој со својата изјава го потврди тоа и ги воодушеви фановите.

„Не ме интересира Златната топка и не размислувам за тоа. Да сакав да освојувам индивидуални трофеи, тогаш ќе играв тенис“, порача Рамос и уште еднаш докажа дека тимот му е на прво место, а не личните успеси како на многу други фудбалери.

Рамос во моментов преговара за нов договор со шпанскиот шампион, а за неговите услуги се заинтересирани уште неколку тимови, меѓу кои и ПСЖ.