Рамос добива нов договор од ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ има намера да му понуди нов договор на Серхио Рамос, затоа што актуелната соработка му завршува во јуни.

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е задоволен со настапите на Рамос, па затоа сака да ја продолжи соработката со него, но му нуди помала плата од сегашната.

Тоа значи дека Рамос ќе мора да прифати намалување на платата, која му изнесува 10 милиони евра во моментов, а најверојатно ќе треба да потпише и договор на една година бидејќи наскоро ќе наполни 37 години.