Рамос му одржа лекција на Меси и на атрактивен начин го запре ?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос се врати по повреда и заигра против Барселона во „Ел Класико“, кое го доби неговиот тим со 3-1.

Рамос покажа дека „кралевите“ играат многу подобро со него во составот, па успеа да постигне и гол од пенал за кој се избори, а во последните минути успеа да го запре Лионел Меси во налет кон голот на Тибо Куртоа.

Меси тргна во неговиот препознатлив пробив кон голот на гигантот од Мадрид, но пред него се појави Рамос, кој на атрактивен начин со пета му ја украде топката.