Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кажа дека немал никаква врска со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот гигант.
Фудбалерите на Шпанија во вторникот во второто коло од квалификациите за Евро 2020 со Малта (2-0), а по мечот Рамос разговараше со новинарите.
Претставниците на медиумите ги интересираше што мисли искусниот дефанзивец за враќањето на Зидан во Реал Мадрид.
„Промените може да донесат многу добри работи. Имавме убави моменти со Зидан, па така убаво е што се врати дома. Неговото доаѓање е добра вест за сите. Но, тоа не е одлука што ја донесов јас, иако многумина мислат така. Капитен сум, ако ме прашат нешто, ќе кажам што мислам. Никогаш не сум ги наметнувал своите желби, ниту сум сакал“, објасни Рамос.
Реал беше елиминираш во шпанскиот Куп и Лигата на шампиони, а во домашното првенство има 12 бодови помалку од лидерот Барселона.