Рамос со еден потег го најави својот нов клуб и ги разочара „кралевите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Рамос на лето ќе стане слободен фудбалер и не ја исклучи можноста по 16 години да го напушти Реал Мадрид.

Рамос има договор до крајот на сезоната, а засега не може да се договори за нова соработка со „кралевите“, по што очигледно е јасно дека Шпанецот ќе си замине.

Како слободен фудбалер привлече интерес од многу тимови, а посебно од ПСЖ со кој одамна се поврзува, а сега дополнително ја изненади јавноста со неговиот потег.

Рамос испрати порака до Нејмар на објавата дека го продолжил договорот со парижаните, а шпанските медиуми сметаат дека така го најавил неговиот следен клуб.

Пред три месеци искусниот дефанзивец кажа дека се чувствува шест години помладо и откри дека планира да игра уште долго.