Рамос зграпчи фудбалер на Интер: Станувај! Немој да цимолиш како глушец! ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го постигна својот 100. гол за шпанскиот тим и му донесе победа од 3-2 против Интер.

Во текот на мечот Рамос му се „истури“ на поранешниот соиграч Ашраф Хакими, кој минатото лето ги засили „нераѕурите“.

При еден напад Хакими падна во казнениот простор на Реал со надеж дека ќе избори пенал за својот тим, по што следеше вербален напад на капитенот на „кралевите“.

„Станувај! Прекини да цимолиш како глушец“, пцуеше Рамос кон Хакими додека тој се обидуваше да стане на нозе.

Рамос е познат по својот тврд карактер и за време на натпреварите не покажува преголема почит кон противниците.