Рангник го „мерка“ Халанд, Јунајтед ќе му даде богатство ако го договори трансферот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд речиси сигурно заминува од Борусија Дортмунд, но уште не е познато каде ќе игра во иднина.

Освен тоа што не е познато во чии редови ќе се пресели напаѓачот, засега не е познато ниту кога ќе се случи трансферот, а очигледно пред лето нема да има ништо.

На лето ќе биде активна откупната клаузула од 75 милиони евра, што не е проблем за многу европски гиганти, но се поставува прашањето дали може некој да ги исполни неговите финансиски апетити.

Меѓу заинтересираните е Манчестер јунајтед, а англискиот гигант го има Ралф Рангник како ас во ракавот, кој треба да преговара за трансфер на Халанд.

Доколку се случи такво нешто, тогаш Рангник ќе добие 10 милиони евра како бонус од страна на „црвените ѓаволи“.