Рангник му вети дека ќе игра, па се премисли и го избрка од тренинг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ралф Рангник неодамна беше избран за привремен тренер на Манчестер јунајтед, но не му оди најдобро во Премиерлигата.

Манчестер јунајтед пред неколку дена на домашен терен ја победи Астон вила со 1-0 во ФА-купот, но навивачите не се задоволни од настапот.

Рангник беше критикуван од навивачите, а се појавија информации дека ниту во соблекувалната не е добра ситуацијата.

Многу драма се случувала пред натпреварот против Астон вила, а во центар на внимание бил голманот Дин Хендерсон, кој требало да брани на натпреварот.

Англиските медиуми објавија дека Хендерсон на последниот тренинг си заминал откако дознал дека нема да брани, а потоа побарал и трансфер.