Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери мораше да го прекине последниот тренинг на неговата екипа, а причина за тоа е тепачката меѓу фудбалерите.
Караница имале Лоренцо Тонели и Гастон Рамирез, а тренерот морал да го прекине тренингот, за да ги отстрани двајцата фудбалери од истиот.
Рамирез и Тонели имале жестока расправија, која се претворила во тепачка, по што Раниери морал да го прекине тренингот.
Останува да видиме какви казни ќе добијат двајцата фудбалери, а наводно би можеле да бидат отстранетиод тимот барем за следниот меч.
Тој дуел е против Интер, па Сампдорија ќе има тешка задача да освои барем бод, со оглед на жешката атмосфера во клубот.