Рашфорд бил во ноќен клуб, па лажел дека е болен за да пропушти тренинг (Видео)

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд доби големи критики од навивачите откако направил скандал оваа недела.

Рашфорд не тренирал во четвртокот со екипата затоа што пријавил дека е болен, а всушност заглавил во ноќен клуб.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи Рашфорд во ноќен клуб и тоа ги налути навивачите на „црвените ѓаволи“.