Рашфорд ептен ги налути навивачите по дербито во Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд не им е омилен на навивачите оваа сезона, но очигледно не се грижи за тоа и продолжи да ги нервира.

По поразот на Манчестер јунајтед од градскиот ривал Манчестер сити со 0-3, Рашфорд заминал на забава во ноќен клуб каде што останал до утринските часови.

Рашфорд бил забележан во „Чинавајт“ во центарот на Манчестер, каде што негови блиски пријатели славеле роденден.

Репрезентативецот на Англија е во лоша форма оваа сезона, но тренерот Ерик Тен Хаг постојано му дава поддршка.