Рашфорд ги воодушеви сите и си го качи рејтингот на „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ги изненади сите навивачи со неговата изјава.

Рашфорд кажа дека планира цела кариера да ја помине на „Олд Трафорд“ и така ги воодушеви поддржувачите на „црвените ѓаволи“.

„Сакам да го дадам најдоброто од мене секогаш, секогаш давам максимум, сонував за овој дрес уште како дете, сакам тука да ја завршам мојата кариера, немам намера да го напуштам Јунајтед никогаш“, кажа Рашфорд.

Рашфорд во кариерата на „Олд Трафорд“ постигна 77 голови и 45 асистенции на 232 меча за премиерлигашот.