Рашфорд стана млад доктор на науки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британските медиуми објавија дека фудбалерот на Манчестер јунајтед и англиски репрезентативец Маркус Рашфорд добил награда од Универзитетот во Манчестер.

На него му бил доделен почесен докторат како награда за помошта на сиромашните деца. Тоа е награда која ја добиваат лица без да одат на предавања или да полагаат било какви испити.

Рашфорд стана трет човек од Јунајтед кој добил таква награда, откако пред него истото признание го добија Сер Алекс Фергусон и Боби Чарлтон.