Распад во Хјустон: Харден и Пол се скарале – еден од нив мора да замине!? (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хјустон рокетс се соочува со големи проблеми, иако се очекуваше да го искористат хендикепот на Голден Стејт, кој остана без Кевин Дурант и Клеј Томспон поради повреда, затоа што сега ќе остане без една од своите ѕвезди.

Медиумите пишуваат дека Крис Пол и Џејмс Харден не се во најдобри односи, откако се скарале и еден од нив мора да го напушти клубот. Пол синоќа побарал трејд од Хјустон, а Харден поставил ултиматум до управата и кажал дека ќе мора еден од нив да го напушти тимот.

Според медиумите, Харден и Пол не разговараат речиси два месеци, а тоа предизвикало големи тензии во соблекувалната. Пол сметал дека Харден многу ја губи топката, а поради тоа се налутил неговиот колега.