Распродажба на „Олд Трафорд“: Тен Хаг ќе избрка 12 фудбалери


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Манчестер јунајтед планира да направи ремонт на екипата идното лето, а тренерот Ерик Тен Хаг сака да избрка дури 12 фудбалери кои потоа ќе ги замени со други ѕвезди.

„Мирор“ објави дека на листата за заминување се Хари Мегваер, Давид Де Хеа, Антонио Марсијал, Фред, Скот Мектоминеј, Ван де Бек, Брендон Вилијамс, Ентони Еланга, Баи и Алекс Телес.

Исто така, од клубот ќе си заминат и Вегхорст и Сабицер, кои во моментов се на позајмица на „Олд Трафорд“, но нивните договори нема да бидат откупени.

Засега не е позната листата со желби на Тен Хаг, но холандскиот тренер дефинитивно ќе сака нови фудбалери со кои ќе може да ја нападне титулата следната сезона.