Распродажба во Лондон: Челси ќе продаде дури 11 фудбалери


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси потроши најмногу пари на засилувања во изминатиот период, но сега на ред е распродажба во Лондон, а газдата Тод Боели веќе составил трансфер-листа.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси ќе продаде дури 11 фудбалери, а меѓу нив се Каи Хаверц, Рахим Стерлинг, Кристијан Пулишиќ, Бен Чилвел, Матео Ковачиќ, Хаким Зијеш, Пјер-Емерик Обамејанг, Цезар Аспиликуета, Конор Галагер, Рубен Лофтус-Чик и Армандо Броја.

Лондонскиот гигант претходно се засили со неколку фудбалери, меѓу кои беа Енцо Фернандез, Мудрик, Фофана, Кукурела, Стерлинг и други, а на нивните трансфери Боели потроши над 600 милиони евра.

Челси во моментов се наоѓа на 10. место со 37 бодови, односно 11 помалку од четвртопласираниот Тотенхем.