Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанецот Раул Гонзалес, кој во 2017 година со Вардар стана европски шампион, сè уште не може да ги искаже чувствата од историската титула со македонскиот тим.
Раул го однесе Вардар до првата титула во Европа, а потоа кажа дека навивачите во Македонија се најдобри во свет.
„Во 2014 година го преземав Вардар и тоа беше незаборавно искуство. Во 2016 година за малку не стигнавме во Ф4-турнирот, но следната сезона го освоивме трофејот. Имавме неверојатна сезона, ги победивме Барселона и ПСЖ. Мора да признаам дека во Македонија беше навистина лудо. Македонците се најдобри во светот. Нивната поддршка и страста која ја имаат за спортот е нешто неверојатно“, вели Гонзалес.