Разбојници нападнале српски репрезентативец: Со кациги го начекале пред куќа…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ бил мета на разбојници во Амстердам, па притоа заработил ситни повреди, објави холандски „Де Телеграф“.

Капитенот на Србија и холандски Ајакс се пресметал со двајца разбојници кои го чекале пред неговата куќа, а тие биле вооружени со кациги.

Нападот се случил минатиот месец, односно ноќта меѓу 27 и 28 јули, а нивната идеја била да го украдат неговиот часовник, но тоа не се случило.

Наскоро се очекуваат повеќе детали од страна на холандските медиуми за инцидентот кој му се случил на српскиот репрезентативец во Амстердам.