Разговорот на Флик ги реши сите дилеми околу засилувањето на Баерн


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Баерн Минхен најави неколку засилувања во летниот рок.

Спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ работи напорно за да ги заврши трансферите навреме, а Германецот Лерој Сане е првиот што пристигнува во Минхен.

Офанзивниот играч на Манчестер Сити веќе долго време се поврзува со Баерн. Трансферот е при крај, а се очекува официјална потврда дека Сане е новиот играч за баварскиот гигант.

24-годишниот фудбалер најверојатно ќе стане нов член на Баерн го потврдува и фактот дека тренерот на клубот, Ханс Флик, разговарал со овој играч по телефон.

Флик, според Билд, разговарал со Сане околу 30 минути. Тој му го претставил плановите, системот на работа и што сакаше од него на теренот, а со тоа веројатно го потврди и пристигнувањето на овој фудбалер во Минхен.

Сане е член на Манчестер Сити од 2016. година. Тој пристигна од Шалке, постигнувајќи 39 голови на 134 натпревари.