Размена на повидок: Лукаку во Јувентус, Влаховиќ во Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус сака да го продаде српскиот голгетер Душан Влаховиќ и бара 80 милиони евра за неговиот трансфер, а засега за неговиот потпис заинтересирани се Атлетико Мадрид и Челси.

Атлетико сака да го испрати Алваро Мората во Јувентус, како и да доплати одредена сума за трансферот на Влаховиќ.

Челси, од друга страна, беше поконкретен и го нуди Ромелу Лукаку, кој во моментов е на позајмица во Интер.

Раководството на „Старата дама“ не е задоволно од Влаховиќ од кој се очекуваше многу повеќе, а на крајот Србинот постигна само 10 гола и две асистенции во Серија А.