Разочарување за навивачите: Ибрахимовиќ нема да дојде на „Маракана“ во Белград?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан ќе се соочи против Црвена Звезда во плејофот од натпреварувањето во Лига Европа, а итлаијанскиот тим е голем фаворит за победа.

Засега не е познато дали ќе има навивачи на трибините во Белград, а сега пристигна уште едно разочарување за фановите кои сакаа да го видат Златан Ибрахимовиќ, зашто Швеѓанецот најверојатно нема да патува за Србија.

„Газета дело Спорт“ објави дека Стефао Пило реши да го одмори својот напаѓач и да му даде шанса во нападот на Марио Манџукиќ

Ибрахимовиќ со 14 голови е меѓу најдобрите стрелци во Серија А и Милан во моментов се бори за титулата во Италија.