Реакцијата на Азар на прославата на трофејот ја покажа неговата ситуација во Реал Мадрид 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден Азар пред речиси три години стигна како големо засилување во Реал Мадрид од Челси, но не ги оправда очекувањата.

„Кралевите“ за Белгиецот платија дури 115 милиони евра и се очекуваше да биде нова ѕвезда во екипата, но поради проблемите со повреди на крајот не се покажа како вистинско решение.

Во последно време се шпекулираше дека ќе замине од Мадрид, а шпанските медиуми се сигурни дека тоа ќе се случи и прашање е на време дали тоа ќе биде во јануари или следното лето.

Азар ниту синоќа не доби шанса од Карло Анчелоти за настап, а тоа дополнително ги засили шпекулациите дека заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Сите фудбалери освен Азар беа среќни и насмеани поради новата титула, но Белгиецот изгледаше разочарано затоа што не одигра ниту минута.

Додека на групната фотографија сите позираа насмеани, Азар изгледаше дека е таму со сила, односно не можеше ниту да одглуми дека е среќен поради трофејот.