Реал, Баерн, ПСЖ… Кој прв ќе го добие синот на Роналдо?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот фудбалер кој моментално игра за Ал Наср, Кристијано Роналдо Јуниор, би можел да се пресели во Европа.

За овој 15-годишник кој привлекува големо внимание од познати тимови, меѓу кои се и ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен, е интересно што момчето веќе еднаш тренирало со Реал додека неговиот татко беше на одмор во Шпанија каде што се опоравуваше од повреда.

Но, се прашува и неговиот татко и тој е – против.

Смета дека секое споредување меѓу него и синот би влијаело негативно на Јуниор, а сериозен фактор во целата приказна е и тоа што Кристијано сака да игра со својот син во ист тим.

Кристијано Роналдо Јуниор ја градел својата младинска кариера низ помладите категории на Јувентус и Манчестер Јунајтед пред да премине во Ал Наср.