Реал го договори најголемото засилување: Диего Алаба доаѓа во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанска „Марка“ синоќа објави дека австрискиот фудбалер Давид Алаба ги договорил условите со Реал Мадрид, а ги минал и медицинските прегледи, по што потпишал пред-договор.

Алаба со „кралевите“ договори четиригодишна соработка вредна 11 милиони евра годишно, а фудбалерот ќе стане член на Реал во јули.

Австрискиот фудбалер по 13 години го напушта Баерн. Во Минхен пристигна во 2008 година, а член беше на првиот тим од 2010 година.

По кратката епизода во Хофенхајм, Алаба со години беше важен фудбалер за баварците и со клубот ги освои сите трофеи, при што одигра 408 натпревари и постигна 32 гола.