Реал го отпиша, а Јовиќ не сака да замине: Перез подготви листа за отстрел од Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ сака да остане во Реал Мадрид, иако шпанскиот и европски шампион не сака да го задржи и веќе го стави на трансфер-листаста.

По совојувањето на Лигата на шампиони (ЛШ) и одлуката Килијан Мбапе да остане во Париз, раководството на Реал реши да направи ремонт на екипата и да продаде дел од играчите кои не му се потребни на Карло Анчелоти.

Покрај српскиот напаѓач, на листата се наоѓаат уште и Герет Бејл, Иско, Маркос Асенсио, Дани Себаљос, Мариано и Андриј Лунин.

Јовиќ има договор до 30 јуни 2025 година и пред него се две опции. Тој може да оди во друг клуб на позајмица и да добие позајмица или да остане во тимот како Бејл, односно да одбие трансфер и да остане во екипата без разлика дали ќе добие шанса на теренот.